Akdeniz: Dünya devriminin yeni havzası!

The Mediterranean: new basin of world revolution!

البحر الأبيض: الحوض الجديد للثورة العالمية

مدیترانه: حوزه جدید انقلاب جهانی

Il Mediterraneo: nuovo bacino della rivoluzione mondiale!

Μεσόγειος: Νέα λεκάνη της παγκόσμιας επανάστασης!

Derya Sıpî: Deşta nû a şoreşa cihânê

Միջերկրական ծով: նոր ավազանում համաշխարհային հեղափոխության.

El Mediterráneo: Nueva cuenca de la revolución mundial!

La Méditerranée: nouveau bassin la révolution mondiale!

Mediterrâneo: bacia nova da revolução mundial!

Во солидарност со Шиар Ришваноглу!


Закана за работницитe, угнетените, курдскиот народ и пријателите на Палестина преку личноста на револуционерот адвокат Шиар Ришваноглу!

На Шиар Ришваноглу, член на Револуционерната работничка партија (DIP) од Турција, фашистички групи му се закануваат преку порака оставена на неговиот автомобил во неговиот роден град Адана, втор пат после 2020 година.

Шиар Ришваноглу е некогашен општински кандидат на коалицијата на социјалистички и курдски сили, анти-империјалист, социјалист, адвокат и непокорлив борец кој се соочува со закани по живот. Следува превод од соопштение на турски јазик кое беше објавено од страна на Централниот Комитет на DIP веднаш по заканата.

Нашиот другар, Шиар Ришваноглу, адвокатот и член на Револуционерната работничка партија, кој е секогаш во први редови – бранејќи ги револуционерите, Курдите, жените, работниците и угнетените преку политички судски процеси, пред неколку дена (16 октомври)  беше пак цел на закана преку порака која му е оставена на неговиот автомобил. Во 2020 година му беа скршени прозорите од неговата канцеларија и внатре сторителите му имаа оставено пишана закана. Овој пат, после Генералното собрание на Адвокатската комора на Адана, автомобилот на нашиот другар беше вандализиран и на прозорецот му имаа оставено порака со закана потпишана од таканаречената „Турска одмазничка бригада“. Застануваме со нашиот другар против овој кукавички и презирен чин што е како ознака на фашизмот во Турција!

Оваа закана кон нашиот другар се случи неколку дена откако одржа говор на Генералното собрание на Адвокатската комора на Адана, во кој изјави солидарност со сите работници што се дел од отпорот – и пред сè со работниците во фабриката за месо „Полонез“ во Истанбул, кои веќе 3 месеци се бореа против дрското кршење на нивното синдикално право (раководството отпушти 146 работници), со селаните кои протестираат против сиромаштијата, со луѓето од Палестина врз кои се врши ционистички геноцид и со угнетениот курдски народ. Нашиот другар поднесе резолуција до Генералното собрание да заземе став за затворање на воените бази Инџирлик и Куреџик и запирање на транспортот на нафта од Турција до Израел. Фашистите уште еднаш се покажаа како антиработнички апарат на газдите кој служи да им ја врши валканата работа со заканувачката реченица „Нема да ве спасат работниците од Полонез и нивната сорта што ги браните“. Исто така, уште еднаш се покажаа како платени убијци на ционизмот и империјализмот и воини на колонијалното угнетување во Турција со реченици од типот: „Нема да може да се камуфлирате дури држите палестински знамиња и со такви големи зборови за империјализмот“. Дополнително, овој напад уште еднаш демонстрира дека псевдоувертирата на буржоазијата кон курдското движење е обид да се зграпчат трошките од новиот регионален поредок што империјализмот и ционизмот се обидуваат да го обликуваат, и дека фашистите, кои се де факто коалициски партнери во владата, нема да прекинат да го напаѓаат курдскиот народ и нивните сојузници.

Нашиот другар Шиар Ришваноглу, уште од многу рана возраст, и после како адвокат, ги поддржува работничката класа и угнетените во земјата и се бори да ја победи  буржоазијата и нивните апаратчици – фашистите. Еднаш тој на државата ѝ предизвика и ноќна мора со тоа што се вклучи во изборна кампања каде што ја обедини огорченоста на работниците и динамичноста на курдскиот народ во Адана, што е индустриски центар на југоистокот на земјата и еден од најголемите градови во Турција. Во ниеден момент нема потклекнато пред заканите и нема отстапено од својата борба. Ние, како Револуционерната работничка партија, стоиме со нашиот другар. Овие ниски закани само нѝ покажуваат чиј мир и спокој нашата борба нарушува. До ден денес овие закани не нѐ тероризираат ниту нас, ниту Шиар Ришваноглу, а нема ни понатаму. Ги повикуваме нашите меѓународни другари и соборци кои ги бранат братството на народите и единството на работниците, чии срца чукаат со тиe на палестинскиот народ против империјализмот и ционизмот и кои се борат за свет во кој жените и сите угнетени ќе живеат слободно и еднакво, да се солидаризираат со нашиот другар Шиар Ришваноглу!

Долу фашизмот!

Долу деспотизмот на Ердоган, да живее слободата!

Да живее братството на народите и единството на работниците!